Бутел се засили со нигериски репрезентативец  

47

Ракометниот клуб Бутел од Скопје, донесе уште едно засилување. Станува збор за кадетскиот репрезентативец на Нигерија, Фарук Јусуф. Јусуф настапува на позицијата десен бек и е трет најдобар стрелец на кадетското Светското првенство (СП), кое се одржува во Скопје.

-Среќен сум што потпишав договор со Бутел Скопје, кој постојано се развива. Се надевам дека ќе им помогнам во следниот период да постигнат голем успех, вели Јусуф.