Бундес дуел за Чан

75

Германскиот гигант Борусија од Дортмунд е на добар пат да излези како победник во трката по потписот на германскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, Емре Чан.

Искусниот играч за врска веќе подолг период не е задоволен од својот статус кој го има во Торино и сака да ја промени клупската средина до крајот на зимскиот преоден рок. Освен со тие на Борусија, германските медиуми открија дека челниците на „старата дама“ преговараат и со раководните лица на Баерн (М) кои исто така покажале интерес за услугите на Чан.