Германскиот Бундестаг изгласа пакет за поддршка спортот во вредност од 200.000.000 евра, во услови на пандемија од коронавирусот поради што беше прекината сезоната во март годинава. Оваа помош е наменета за спортовите кои се играат во сала како што се ракомет, копшарка, одбојка и хокеј на мраз. Клубовите од женската Бундеслига, како и третолигашите, исто така ќе добијат помош за да ги санираат последиците по прекинот на сезоната.

  • Многу сум среќен што федералната Влада ја даде оваа помош за спортот. Сакаме да се заблагодариме на Бундестагот, на сите министри кои беа вклучени, министерството за спорт, буџетската комисија и сите членови на спортскиот комитет заради нивната голема посветеност, изјави претседателот на ракометната федерација на Германија, Андреас Мишелман.