Бунар за наводнување на првата урбана градина во Ново Лисиче

228

Градежниот институт Македонија ќе изведе бунар за експлоатација на подземна вода како донација за Град Скопје, кој ќе биде лоциран во рамките на првата Урбана градина во Скопје, која Градот ја развива во Ново Лисиче, кај Рајскиот парк и ќе се користи за наводнување на изведените засадени површини.

Градежниот институт Македонија, оваа донација ќе ја реализира по повод активностите за одбележување на 45 години од постоењето на фирмата.

Одлуката за примање на донацијата од Градежниот институт беше на дневен ред на денешната седница на Советот на град Скопје која се одржа онлајн преку конференциска врска.

Според одлуката вредноста на оваа донација изнесува 300.0000 денари со вклучен ДДВ.

Бунарот ќе биде со длабочина од 25 до 30 метри, во зависност од теренските услови, а ќе биде вклучено зацевување PVC Ø 140 милиметри , разработка, прочистување и тестирање.

Бунарот ќе биде опремен со: пумпа со капацитет од 90 l/min, со притисок од 4 бари,  ќе има ормар за приклучување, потребна заштита, потисен цевковод, кабел, настрешница за заштита од дожд и надворешна чешма.

Инаку, приклучокот за електрична енергја на локацијата на бунарот не е вклучен во донацијата.