Скендер Бузаку денеска му постави ултиматум на поглаварот на Исламската верска заедница реисот Сулејмани Реџепи во рок од 72 часа да си замине во ИВЗ, во спротивно, како што рече ќе објавел докази и факти за криминални активности, кои ги означи како тешки кривични дела.

Пред седиштето на ИВЗ има засилено полициско обезбедување, а Бузаку постави часовник со кој се одбројуваат 72-та часа, што тој му ги поставува на Реџепи.

-Денеска сме пред вратите на ИВЗ узурпирана од Сулејман Реџепи правно од 2011, а од 2019 и реално. Тука сакам да пренесам две куси пораки. Со првата ги повикуваме сите професори, теолози, оџи кои биле протерани од страна на Сулејман Реџепи, во иднина тие ќе бидат вклучени, но и сите други кои се внатре, а кои немаат криминал им даваме збор дека никој нема да загуби работно место, само ќе ги унапредиме и ќе создаваме подобри услови за работа, изјави Бузаку.

Втората порака, што ја пренесе се однесуваше на 72-часовниот ултиматум, што му го постави на Реџепи.

-Втората порака е до Сулејман Реџепи да ја ослободи ИВЗ за 72 часа, му даваме 72 часа, ако не даде оставка, ако не сака да се повлече од ИВЗ тогаш ние имаме страташки докази и факти за кои ќе се чуди цела Македонија, нашата држава, рече Бузаку, објави МИА.

На прашањето зошто изминатиот период не се огласил и како да затаиле несогласувањата, Бузаку одговори дека не одржувал прес-конференции поради другите приоритети со кои се соочувцала државата и нејзините органи, пред се евроатлантските интеграции. Додаде дека тоа не значи дека не работеле и дека не ги следеле состојбите.

Превирањата во ИВЗ настанаа откако во април Бузаку се прогласи за нов поглавар, но сепак Ријасетот застана зад Реџепи.

Реис ул улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи останува поглавар на Исламската верска заедници, порача Ријасетот кон крајот на април и потенцира дека е единствено тело кое го назначува поглаварот на ИВЗ и дека судската одлука за негова смена и целиот случај се скандалозни, зад кои стои политиката.

Ријасетот на Исламската верска заедница кон крајот на април одржа седница во Кондово, по чие завршување актуелниот поглавар на ИВЗ Реис Сулејман Реџепи изјави дека Исламската заедница е силно огорчена од овој скандал.

-Ваков скандал не паметам во исламската заедница. Ова е незапамтено и нема да се заборави, рече тогаш изјави реисот Реџепи по завршување на седницата на Ријасетот во Кондово.

Седницата следуваше откако Бузаку повикувајќи се на судското решение најави дека од утре тој е новиот поглавар на ИВЗ.

-Ќе раководам со ИВЗ согласно судско решение, рече Бузаку кој крајот на април, дополнувајќи дека побарал финансиската полиција да направи увид во досегашното работење на поглавараот Сулејман Реџепи.