Бугарски пилот повреден при катапултирање од воен авион Су-25

130

Бугарски пилот е повреден во несреќа со Су-25 во близина на воздухопловната база Безмер. Тој се катапултирал и е во добра состојба, соопшти прес-центарот на бугарското Министерство за одбрана. Инцидентот се случил околу 14 часот по локално време.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, на пилотот му била укажана прва медицинска помош и е пренесен во болница. засега нема детали за причината за катапултирањето на пилотот од воениот авион Су-25.