Бугарски автотркач направи анализа за несреќата на македонскиот автобус: Се обидов да се ставам на местото на возачот/ВИДЕО

3334
Фото: БНТ Printscreen

Реконструкција на вчерашната несреќа на автобусот на „Беса транс“, во која загинаа 45 лица, за Бугарската национална телевизија (БНТ) направи бугарскиот автомобилист Димитар Илиев кој има и академија за безбедност во сообраќајот.

Според неговата реконструкција, еден важен предупредувачки знак е паднат од мај, а други делови од сигнализацијата се амортизирани и во пракса не се гледаат, посебно ноќе.

Илиев потенцира дека има голем број проблеми, чие решавање не смее да се одложува и додаде дека за тоа алармирал уште во 2019 година.

Тоа, како што вели Илиев, се места каде што редовно се случуваат сериозни инциденти, често со жртви.

Според него, тоа се замки во кои секој може да биде измамен и да дојде во сообраќајна несреќа. Поентата е дека нема волја нешто да се поправи, рече Илиев.

Пребарувајќи по негови стари видеа од делницата, тој забележал дека во април имало предупредувачки знак за место за одмор по 500 метри. Потоа од снимките од Гугл стрит вју утврдил дека тој знак исчезнал меѓу април и мај. За да се увери лично дека го нема знакот, отишол да провери и неговите сомневања се потврдиле, знакот си лежи зад банкината и вели дека никој од мај месец досега не забележал дека го нема. Тој ги замолува истражителите да обрнат внимание на тој знак, затоа што и 18 часа по несреќата никој не зборува за тоа.

На самото место за одмор има знак за делење на патот за кој Илиев вели дека е несоодветен, а на него има залепено реклама за која вели дека ја намалува неговата видливост. За рефлектирачките светла на банкините вели дека се распаднати и одамна ја немаат својата функција.

„Нема знак, човекот не знае, гледа три ленти и преминува во најдесната лента. Потоа му излегува знак кој е поставен неправилно, а врз него има и лепенка која дополнително пречи“, вели Илиев.