Бугарскиот привремен министер за култура сака да го истера ГЕРБ од Националната палата на културата, бидејќи не плаќаат кирија

39

Времениот министер за култура на Бугарија, Велислав Минеков, изјави за БТВ дека пред години поранешната владејачка партија ГЕРБ насилно презела два ката од административната зграда на Националната палата на културата (НДК) и таму го сместила своето седиште.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Минеков рече дека не му е сеедно бидејќи Националната палата на културата е под раководство на Министерството за култура на Бугарија.

Времениот министер за култура Велислав Минеков рече дека ниту еден бугарски лев кирија не бил примен од ГЕРБ.

Минеков соопшти дека има намера да ги врати овие два ката во Националната палата на културата, бидејќи финансиската состојба е многу лоша овие две години. Долговите за зградата се невозможни, коментира Минеков. Тој додаде дека ќе побара од ГЕРБ да си најде имот на друго. Според Минеков, двата ката во кои се наоѓа партиското седиште на ГЕРБ припаѓаат на Националната палата на културата, а не на локалната управа на Софија.

Ова не е предизборен напад што сакам ГЕРБ да ја плати киријата, додаде Минеков.

ГЕРБ веднаш реагираше на она што го кажа Минеков и коментираше дека е лага дека не плаќаат кирија.