Бугарскиот премиер на средба со грчкиот амбасадор: Софија секогаш водела конструктивен дијалог со Скопје

42

Бугарија секогаш покажувала искрена волја и напори за конструктивен и прагматичен дијалог со Република Северна Македонија и ќе продолжи во оваа насока,  изјави бугарскиот премиер Стефан Јанев за време на средбата со грчкиот амбасадор во Софија Димитрис Хронопулос.

Според бугарската агенција БГНЕС, грчкиот амбасадор изразил разбирање за бугарската позиција.

За време на средбата било нотирано дека двете земји се стратешки партнери и се разговарало за начините за продлабочување на стратешките односи преку интензивен политички дијалог и усогласени напори за билатерални, регионални и меѓународни прашања, соопшти бугарската владина прес-служба.

Димитрис Хронопулос изразил целосна политичка поддршка на грчката влада за бугарската влада и истакнал дека двете земји се дел од иста група во однос на интересите во регионот.