Бугарскиот министер Демерџиев утре ќе положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев

26

Бугарскиот вицепремиер задолжен за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев утре во Скопје ќе положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“.

Како што јави БТА, Демерџиев, кој ќе биде придружуван од неговиот заменик Венцислав Катинов, ќе му оддаде почит на Делчев по повод 151-годишнината од неговото раѓање.

Според најавите, почит пред гробот на Гоце Делчев со положување цвеќе ќе оддадат и претседателот Стево Пендаровски, владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, во чиј состав ќе бидат и првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и министрите за одбрана Славјанка Петровска, за внатрешни работи Оливер Спасовски и за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, делегација на Собранието, предводена од собранискиот потпретседател Горан Мисовски, придружуван од пратениците Снежана Калеска-Ванчева и Љупчо Пренџов, како и делегации на институции, партии и граѓански здруженија.