Бугарската делегација пристигна на чествувањето на Гоце Делчев/ВИДЕО

59

Бугарската делегација предводена од бугарскиот вицепремиер задолжен за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи, Иван Демерџиев, пристигна во црквата „Св. Спас“ на чествувањето на 151-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, пренесе 360 степени.

Во секој момент се очекува да пристигнат и бугарските граѓани кои утринава со автомобили тргнаа кон Скопје.

Како што информираа од МВР, отстранет е дефектот на системот на сите гранични премини и се пропуштаат возила за влез и излез од земјава.