Бугарија меѓу трите најголеми извозници на струја во Европа

114

Бугарија е меѓу првите три најголеми нето извозници на електрична енергија во Европа, пред Шпанија и Франција, покажаа најновите податоците . Земјата извезува 33% од домашната потрошувачка на електрична енергија и соодветно заработила речиси 3 милијарди лева за 6 месеци. Цените на слободниот пазар на електрична енергија во август се околу 600 лева за мегават час.Од претходно најголемиот извозник, Франција годинава е принудена да увезува електрична енергија.

Податоците од енергетскиот тинк-тенк Enappsys покажуваат дека земјата извезла 6,6 tWh електрична енергија во други земји, најчесто соседна Романија, Грција, Турција, Северна Македонија, Србија.Во однос на претходната половина година, Бугарија забележа скок од 3 места на рангирањето, а тоа главно се должи на падот на нето-извозот на Франција, Норвешка и Чешка, а не на големиот процентуален пораст на бугарското производство.

Ова јасно покажува дека во Бугарија нема енергетска криза која би можела да ја остави земјата „во мрак и студ“. Напротив, бугарските капацитети ги задоволуваат сите домашни потреби и има огромен вишок на електрична енергија.

Вакви апокалиптични опции во последните денови изнесоа и претставници на преодната влада, нагласувајќи го недостатокот на гас и, соодветно, можноста да го нема потребното гориво за производство на топлинска енергија. Од закана за системите за греење, сепак, ова беше преставено како закана за целото население и сите потрошувачи на енергија во наредните зимски месеци.

Од чисто финансиска гледна точка, високите цени на струјата во Европа всушност и носат дивиденди на Бугарија, бидејќи преку извозот на струја бугарските енергетски компании бележат огромни приходи. Се разбира, овие пари последователно се користат за да се компензира скапата струја на бугарскиот бизнис. Механизмот, одобрен до крајот на годинава, постави плафон од 250 лева за мегават час, а се што е над него го покрива државата.

Најголемо учество во извозот на електрична енергија имаат нуклеарната централа Козлодуј и термоелектраните, кои не се зависни од увоз на јаглен и ги  корист од наоѓалиштата на лигнит во земјата.