Брус Дикинсон го победи и ракот на јазикот и коронавирусот

64

Британските метал-легенди „Ајрон Мејден“ го снимија својот 17-ти студиски албум „Senjutsu“ во почетокот на 2019 година, но многу од песните на него – „Days of Future Past“, „Darkest Hour,” „The Writing on the Wall” и „Hell on Earth“, на пр., како да се однесуваат на оваа 2021 година.

– Чудно, имаме една или две песни што се чини дека се на „Зајтгајст“ овде за она што се случува!, вели пејачот Брус Дикинсон за „Јаху ентертејнмент“ низ смеа. – Мислам дека Стив (Харис – главниот текстописец на „Ајрон Мејден“) понекогаш се чувствува многу отуѓен од некои работи што се случуваат во она што се претпоставува дека е современиот свет. Значи, чувството (за „Пеколот на земјата“) е многу како – „Страшно е ова место“. Значи, ако „скинам конци“ и ја напуштам оваа планета, и можеби се вратам, тоа ќе биде друг, паралелен свет и сѐ ќе биде повторно в ред, вели Брус.

Дикинсон потоа говореше и за своето искуство со Ковид-19. Тој се заразил со вирусот и покрај примена вакцина.

– Моето верување е – и нагласувам, тоа е верување, дека ќе бев повеќе болен ако не ја земев вакцината. …Мислам, ги имав и двете дози… И сум многу среќен поради тоа. Знаете, никој од нас не доби „дополнителна глава“, ниту поради до 5-Г телефоните… Значи, сите тие работи, мислам, во голема мера се мит!, вели тој.

Пејачот, инаку, во 2015 година имаше операција поради рак на јазикот. За неа, Брус вели дека, неочекувано, всушност му ги подобрила гласовните вештини.

– Медицинската технологија ми прилега!, ќе нагласи веќе легендарниот хеви-металец.