Тимот на Бруклин е во сериозни проблеми во плејофот, откако на четвртиот натпревар против Милвоки во полуфиналната серија во источната конференција, кој го загуби со 107:96, остана без уште една ѕвезда поради повреда.

По повредата на Џејмс Харден, и Кари Ирвинг ќе го нема на теренот во наредниот период. Тој лошо приземји и го повреди зглобот на десното стапало и остана да лежи на паркетот.

Ирвинг сам го напушти теренот, но повредата не изгледа добро. Доколку полесно ги повредил лигаментите, ќе ја пропушти оваа плејоф-серија, а најверојатно и остатокот од сезоната. Сепак, не е исклучено тој да ги скинал лигаментите, што би значело операција и долга пауза.