Членот на „Куќата на славните“ во НБА-лигата, Ајзеа Томас, ја истакна важноста на Кари Ирвинг за сегашниот состав на Бруклин.

– Сетете се како Кливленд под водство на Леброн Џејмс се врати по 1:3 и го победи Голден Стејт.  Леброн тогаш беше речиси недостижен во секоја статистичка категорија, но Кавс, сепак, ќе останеа без титула ако не беше Кајри Ирвинг. Затоа запомнете ги моите зборови. Со оглед на начинот на кој е изграден сегашниот состав на Нетс, тие не можат и нема да можат да го освојат шампионатот без помошта на Ирвинг. Точка, рече Томас.

Ирвинг минатата сезона загуби 18 од 72 натпревари во регуларниот дел. Кари имаше просек од 26,9 поени, 4,8 скокови и шест асистенции по натпревар во сезоната 20/21, со 50,6 % прецизни удари од поле и 40,2 % за три поени.