Бројот на заразени со Ковид-19 во Турција надмина 200.000

62

Турција до денеска има повеќе од 200.000 случаи на коронавирус, а во претходните 24 часа се дијагностицирани 1.192 нови случаи, покажаа денешните податоци од Министерството за здравство на земјата.

Според тие податоци, оздравеле повеќе од 87 проценти од случаите.

Бројот на починати од Ковид-19 во земјата достигна 1.150.

Извор:МИА