Бронзениот медал на Ардијан Аземи, освоен на Европското првенство за младинци во Будва дојде во вистонско време, поточно нема поубав момент за одбележување на половина век од најстарата македонска манифестација “Златен гонг”.

По тој повод директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски организираше прием за бронзениот боксер на кој присувствуваа и заменик директорот на АМС, Авни Рустеми и претседателот на боксерската федерација Примислав Димовски.

  • Паузата во освојување на Европски одличја е навистина долга, и од таа причина бронзата на Ардијан влева надеж за враќање на боксот онаму каде што му е вистинското место, на врвот на спортовите во нашата земја, а неговите 17 години се доказ дека популарноста на боксот се враќа кај младите, истакна Мојсовски.

Тој додаде дека поддршката која Агенцијата за млади и спорт ја обезбедува за Боксерската федерација, како и посветеноста во работата на челниците на федерацијата, на чело со претседателот Примислав Димовски, ќе обезбедат услови за спортување на млади боксери кои еден ден ќе станат: Русески, Мумин, Димовски…

  • Наше задоволство е да ги почитуваме младите спортисти, додека како институции гарантираме поддршка за успехот на секој спортист во нашата земја, бидејќи шампиони како Ардијан Аземи и многу други, ја прават нашата земја позната низ целиот свет, истакна Авни Рустеми, заменик директор на АМС.

Стипендистот на АМС Аријан Аземи изрази благодарност до Агенцијата за млади и спорт, потенцирајќи дека освоениот медал е мотив повеќе за понатамошна посветеност, која ќе биде ставена на тест на претстојното светско првенство закажано за Април 2021 во Киелце.

Претходно Боксерската федерација на Македонија го награди Ардијан Аземи со 120.000 денари за овој успех, а парична награда му беше доделна и на тренерот Насер Харуни во висина од 60.000 денари.

Форо: П. Стојановски