Американскиот спринтер Трејвон Бромел истрча најбрзо време на 100 метри. Тој на митингот во Најроби, оваа делница ја истрча за време од 9,76 стотинки. Бромел сега е шести најбрз атлетичар во светот на сите времиња.

Американскиот атлетичар важеше за најголем фаворит за освојување на златниот медал на Летните олимписки игри во Токио, но не успеа да се пласира во финалната трка истрчувајќи 100 метри за време од 10 секунди.

Второто место на митингот во Најроби го освои Кениецот Фердинанд Оманјала со време на нов африкански рекорд од 9,77 секунди.