Брозовиќ желба на „Енфилд“

54

Англискиот премиерлигаш Ливерпул е последниот клуб кој покажа интерес за услугите на хрватскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчо гигант Интер, Марсело Брозовиќ. Искусниот играч за врска на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер, а преговорите околу продолжувањето на соработката се уште не вродија со плод поради желбата на Брозовиќ да има дупло поголема плата од таа која моментално ја заработува.