Бродот „Евер Гивен“ повторно плови и се движи по Суецкиот Канал

33

Бродот Евер Гивен (Ever Given), кој со денови го блокираше Суецкиот Канал, повторно плови и се движи низ каналот, соопштија египетските власти.

Сопственикот на бродот рано изутринава рече дека Евер Гивен конечно се помрднал откако се заглави минатата недела иод вторникот го блокираше Суецкиот Канал, генерирајќи загуба од една милијарда долари поради застојот во сообраќајот од 425 брода кои чекаат да се ослободи најкратката трговска рута меѓу Азија и Европа.

Не е точно познато кога сообраќајот по Суецкиот Канал ќе се стабилизира, но некои проценки сугерираат дека ќе трае три дена.

Суецкиот Канал е долг 190 километри и по него минуваат 10 проценти од меѓународниот комерцијален поморски сообраќај, а блокадата создаде огромни загуби. Повеќе од 400 бродови беа блокирани утрово од двете страни на каналот што го поврзува Црвеното Море со Медитеранот.

Осигурителната компанија „Алијанц“ процени во петокот дека секој ден од блокадата може да носи загуба од шест до 10 милијарди долари.

Вкупната вредност на товарот блокиран поради закрченоста на каналот или товар испратен во алтернативна насока осцилира помеѓу три и 9,6 милијарди долари.

Цената на нафтата нагло падна по блокадата на Суецкиот Канал.

Египетските власти соопштија дека земјата губи од 12 до 14 милиони долари на ден поради блокадата.

Речиси 19.000 бродови поминале низ каналот во 2020 година, според СЦА.