Брнз: Разочарани сме што членките на ЕУ не успеајаа ја усвојат преговарачката рамка за Северна Македонија

    24

    Северна Македонија припаѓа на Европската унија и иако е долг пат, важно е да се продолжи со напредок, нагласи Брнз.

    Остануваме разочарани што ЕУ земјите членки не успеаја да ја усвојат преговарачката рамка за Северна Македонија на вчерашниот состанок, но нема сомнеж дека државата ги исполни неопходните задачи за отворање на пристапните преговори со ЕУ и тоа е чекор што веруваме дека ќе ја зголеми рагионалната стабилност и ќе ги подобри политичката и економска активност, порача денеска американската амбасадорка Кејт Мери Брнз, на првиот Скопски економски форум.

    САД ќе бидат со Северна Македонија на секој чекор од ова патување, бидејќи тоа е од интерес за нашите заеднички стратешки цели, нагласи Брнз.

    „Северна Македонија ги надмина политичката нестабилност и презема важни демократски реформи. Стана стабилен партнер за безбедноста и напредокот на целиот регоон и покажа дека е подготвена да ги заврши тешките задачи неопходни за остварување на стратешките цели. Потпишувањето на Договорот од Преспа, членството во НАТО и отворањето на патот кон ЕУ се само дел од позначајните успеси и сега е време за инвестициите и трговијата да почнат да носат економски бенефит од овие политички победи. Време е за економскиот раст да се зголеми“, истакна Брнз.

    Целите на САД на Балканот, нагласи Брнз, остануваат јасни и непроменети, посочувајќи дека во иднина регионот го гледаат во мир со своите соседи, стабилен и целосно интегриран во евроатлантската рамка.

    „Гледани посебно, секоја од земјите од Западен Балкан се мали пазари за сериозни инвеститори, но сите заедно се значителен и интересен пазар од 18 милиони кој е сериозно атрактивен за американските и европски инвеститори“, истакна Брнз.

    На крај, порача Брнз, Северна Македонија припаѓа на Европската унија и иако е долг пат, важно е да се продолжи со напредок.

    „Чекорите на овој пат се од особена корист за граѓаните на земјата. Чекори како јакнење на владеењето на правото, борбата против корупцијата, подобрување на инфраструктурата, интегрирање на економијата со соседите, создавање клима за инвестирање и бизнис, се работи кои не се само критериуми за ЕУ, туку се особено важни и за граѓаните на Северна Македонија“, нагласи Брнз.

    Претседателот Бајден, посочи таа, во рамки на својата посета на Европа порача дека „мора да ја градиме заедничката иднина што ја бараме“, и продолжувањето на градењето на врските меѓу Северна Македонија и соседите ќе ја изгради таа заедничка иднина и ќе дозволи на земјата, регионот и САД да ја зголемат безбедноста и економската соработка, закчучи американската амбасадорка.