Брињоне го доби Големиот кристален глобус по пошта  

36

Италијанската скијачка Федерика Брињоне го доби Големиот кристален глобус, награда која се одделува на свкупниот победник во Светскиот скијачки куп. Но, освен големиот, таа доби и два мали кристални глобуси за победа во уште две дисциплини.

Итачијанката го доби трофеите откако беа откажани последните три трки во Светскиот скијчки куп заради пандемија со коронавирусот. Големиот кристален глобус за севкупната победа и двата мали кристални глобуси за победа во велеслалом и алпска комбинација.

Заради коронавирусот наградите не и беа лично врачени, туку и беа испратени по пошта на адреса на нејзините родители.

-Брат ми ми испрати фотографија  од трофеите и ме параша: Дали се твои? Дали си ги нарачала? Кога ги отворив врескав од среќа, изјави италијанската скијачка.

Брињоне имаше многу среќа во сезоната која предвреме мораше да биде завршена. Таа победи благодарение на несреќата на Американаката Микаела Шифрин, која поради смртта на својот татко и тренер мораше да пропушти неколку трки во времето кога беше лидерка во генералниот пласман во Светскиот скијачки куп.