Американската пејачка, Бритни Спирс денеска го слави 40.роденден и по тој повод на Инстаграм објави неколку заеднички фотографии со својот вереник Сем Асгари, а во описот нагласи дека конечно е среќна.

„Каква радост! Вереникот и јас сме многу возбудени што заминуваме…Фала ти Боже што можам да заминам од земјава. Благословена сум“, напиша Бритни.

Пред три седмици Бритни беше ослободена од старателство на најзиниот татко кој и го контролирал животот 13 години. Старателството го воспоставил нејзиниот татко откако пејачката претрпела нервен слом и била испратена на лекување за менталните проблеми.

Откако во јуни годинава, во емотивно сведочење ги откри приватните проблеми низ кои минувала со години, Бритни Спирс доби голема поддршка од јавноста и ангажира нов адвокат. Таа пред судот изјави дека си го сака својот живот назад што е можно побрзо.

А сега може слободно со својот вереник да го прослави својот роденден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)