Британската тенисерка Лора Робсон ја изненади спортска јавност, потврдувајќи  дека одлучила да и стави крај на кариерата. Робсон (28), која професионалната кариера ја започна на 14 години, поради бројните повреди одлучи предвреме да се пензионира.

Лора беше најголемата тениска надеж на Велика Британија. Најважните трофеи и беа предвидени кога на 14 години го освои јуниорскиот Вимблдон во конкуренција на четири години постари девојки.  Таа стана професионална тенисерка во 2008 година, прерано со оглед на нејзината возраст.

Во текот на кариерата успеа да направи многу, иако поради бројните проблеми со повредите најчесто беше далеку од реализација на својот целосен потенцијал.

Нејзиниот најдобар пласман беше 27. место на ВТА листата, но Лора успеа да стане првата Британка што стигнала до 4. коло на грен слем во 21. век, а во 2012. година го освоила сребрениот олимписки медал во мешани двојки заедно со Енди Мареј.

Таа во последните години поминува многу повеќе време како професионален консултант на британската телевизија за време на тениските турнири, а се чини дека ова ќе биде нејзината следна професија…