Британците повикуваат да се ублажат неприкладните критики кон Меган и Кејт

50

Британски медиуми ги повикуваат корисниците на социјалните мрежи да ги ублажат критиките на сметка на војвотката од Сасекс, Меган и војвотката од Кембриџ, Кејт.

Официјални претставници на палатата бараат помош од Инстаграм да надгледува и да ги отстранува навредливите коментари.

Помошници поминуваат часови и часови секоја недела на ублажување на коментарите на официјалниот профил на Инстаграм на палатата и отстранување на расистички и сексистички содржини.

Весникот „Тајмс“ денеска напиша дека за Меган и Кејт се искажанани премногу злобни коментари за да бидат објавени, а имало дури и закани за насилство.

Магазинот „Хелоу“ покрена кампања за „љубезност“, повикувајќи ги оние кои оставаат коментари двапати да размислат пред да напишат навредливи коментари.