Британците објавија фотографии од обуката на украинските војници на „Челинџер 2“

165

Министерството за одбрана на Обединетото Кралство објави фотографии од украинските војници кои тренираат на британските тенкови Челинџер 2.

„Тенковските екипажи на вооружените сили на Украина оваа недела, брзо го совладаа моќниот Челинџер“, напиша Министерството за одбрана на Твитер.

Велика Британија вети дека ќе испрати 14 тенкови во Украина. Украинските војници пристигнаа на обука минатиот викенд.