Британците на гласање поведоа кучиња, мачки, коњи, морски прасиња…

187

Многу Британци излегоа да гласаат денес на предвремените парламентарни избори со своите кучиња, мачки, а некои и на коњи, и тоа го објавија со фотографии на интернет.

Премиерот Борис Џонсон утрово го отвори „балот“, со тоа што го донесе своето куче на гласање и објави фотографија на Твитер со наслов „Кучиња на избирачките места“ (Dogs At Polling Stations).

https://twitter.com/Conservatives/status/1205116741673766914

Една Британка искоментира: „Заборавете политика, еве ја вистинската причина денеска да се вклучите на Твитер“. 

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, денеска гласаше со кучето „Луна“, а кандидатот на Либерално-демократската партија Ед Дејви со своето морско прасе.

Некои гласачи на југот на Англија до избрирачките места дојаваа на коњи, а медиумите пишуваат дека гласачките места „ги посетиле“ и два елени.