Британскиот „Сан“ објави список со десет најголеми спортисти на сите времиња. Според реномираниот британски таблоид, во првите десет спортисти не спаѓаат Новак Ѓоковиќ, Кристијано Роналдо, Флојд Мејведер и Мајкл Фелпс, што е малку зачудувачки.

На број еден е Мохамед Али, легендарен американски боксер кој беше трикратен шампион во тешка категорија и боксер кој го одбележа 20 век. Тој ќе биде запаметен и за борбата за човекови права и за одбивањето да оди во војна против Виетнам.

На второ место е Австралиецот Дон Бредман, инаку играч на крикет, кој не е премногу популарен. Поради него, Англичаните ги сменија правилата во крикет, а покрај тоа, Австралиецот беше незапирлив.

Трет на списокот е легендарниот бразилски фудбалер Пеле кој важи за најдобар на сите времиња. Тој во кариерата постигна 1.281 гол, а со Бразил беше трипати светски шампион.

Тајгер Вудс е на четвртото место и американскиот голфер дефинитивно заслужи да се позиционира толку високо. Петтото место му припаѓа на швајцарскиот тенисер Роже Федерер, кој сè уште игра тенис и нема потреба да се каже ништо за него, освен тоа што тој е голем како спортист.

Мајкл Џордан, познатиот кошаркар, се најде на шестото место, а седми е атлетичарот Жеси Овенс. Исто така во Топ 10 се наоѓаат аргентинските фудбалери, поранешниот Диего Марадона и сегашниот Лионел Меси, а „Сан“ оваа листа ја затвори со Усаин Болт, најдобриот спринтер на сите времиња кој освои осум олимписки златни и осум светски титули. Тој и понатаму го држи рекордот на 100 метри со време од 9,58.