Низ Велика Британија владее паника од недостиг на гориво и на бензинските пумпи веќе се создаваат огромни редици.

Возачите ќе бидат ограничени да купат само 30 фунти гориво. Тоа предизвика паника кај возачите кои предизвикаа колапс на бензинските пумпи низ земјата.

Полицијата била приморана да интервенира и да направи ред, бидејќи се создал вистински хаос. Некои од возачите полнале да полнат канти со гориво откако со часови стоеле во редица.

Британската влада ги повика возачите да „продолжат со нормално купување“ и да ја прекинат хаотичната мешаница.

Стотици бензински пумпи сега планираат да воведат ограничување на точење гориво од 30 фунто по возач за да се осигура сите да имаат можност да наточат.

Премиерот Борис Џонсон се согласи привремено да ги „попушти“ имиграциските правила за да можат странски возачи на теретни возила да работат во В.Британија и да помогнат во надминување на кризата со недостаток на возачи.

За потсетуавње, В.Британија вчера порача дека ќе го реши проблемот со недостаток на возачи на камиони што предизвикува се поголеми проблеми во ланецот на снабдување поради што се затвораат бензинските пумпи.

Се проценува дека В.Британија треба да увезе околу 100.000 возачи за да се нормализира состојбата, откако со Брегзит, во Европа се вратиле 25.000, а пандемијата го сопре процесот на доаќање на нови 40.000 возачи.