Британски пратеник на конзервативците уапсен за силување

110

Британски пратеник од редовите на Конзервативната партија на премиерот Борис Џонсон е уапсен под сомнение за силување и други сексуални престапи извршени во период од седум години.

Полицијата на Лондон соопшти дека маж на околу 50-годишна возраст е уапсен под сомнение за сексуален напад, силување, злоупотреба на доверба и недолично однесување на јавна функција, пренесува Ројтерс.

Ниту полицијата, ниту дисциплинската служба на Конзервативната партија не го именуваа осомничениот, кој е во притвор до понатамошно известување.

Портпаролката на Конзервативната дисциплинска служба, која е задолжена за партиска дисциплина во парламентот, потврди дека уапсениот е пратеник на конзервативците и рече дека на пратеникот му било кажано да се држи подалеку од комплексот на британскиот парламент за време на полициската истрага.