Британскиот град Порткол планира да постави антисекс тоалети, за да ја спречи можноста луѓето во него да се задржуваат предолго и да имаат секс внатре.

Бидејќи јавните тоалети често се на удар на вандали, наркомани, бездомници и граѓани кои имаат секс во нив, градот Порткол подготвил нова програма за јавни тоалети.

Според неа, во кабините ќе постојат подови чувствителни на тежина. На тој начин ќе може да се контролира дали во кабината има само една личност. Ако некој се задржува предолго во тоалетот, ќе се вклучува предупредување, а светлото и греењето во тоалетот ќе се изгаснат.

Сензорите за движење во тоалетите исто така ќе реагираат на „насилна активност“ со отворање на вратата, истовреме активирајќи аларми и млазови вода кои ќе ги прскаат луѓето внатре.

Реконструкцијата на тоалетите е важен елемент на плановите на Градскиот совет на Порткол, изјавил членот Мајкл Кларкез.

Меѓутоа, некои граѓани овој план го опишувале како „апсолутно застрашувачки“, поради проблемите кои би можел да ги направи на лицата со посебни потреби, кои најчесто имаат потреба во тоалетот да влезат со друго лице. Исто така, можно е и луѓето со прекумерна телесна тежина ненамерно да ги активираат сензорите за тежина.