Британските лабуристи бараат јавно гласање за Договорот за Брегзит

93

Британската опозициска Лабуристичка партија побара при следното изјаснување на Парламентот во Вестминстер за Договорот за Брегзит, предвидено за почетокот на јуни, пратениците да гласаат јавно.

– Владата треба добро да размисли за јавно гласање за Договорот, со цел да се надмине застојот, изјави портпаролот на лабуристите Кир Страмер.

Тој оцени дека за лабуристите повеќе не е прифатлива политиката на „купување време, недела за недела“, како што, според него, правела британската премиерка Тереза Меј во изминативе месеци.

Долниот дом на британскиот Парламент досега во три наврати го отфрлаше Договорот за Брегзит, што лани во ноември го постигнаа Владата во Лондон и Брисел, по што Меј најави дека на почетокот на јуни ќе побара пратениците и по четврти пат да се изјаснат за документот.