Британскиот премиер објави дипломатски бојкот на ЗОИ во Пекинг

22

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска објави дипломатски бојкот на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година.

Џонсон рече дека ниту еден министер од неговата влада нема да оди на Игрите.

– Навистина ќе има дипломатски бојкот на Зимските олимписки игри во Пекинг, рече Џонсон, додавајќи дека „бојкотот на спортот“ не е политика на неговата влада.

Освен Велика Британија, дипломатски бојкот на Игрите во Пекинг прогласија и САД и Австралија, поради загриженоста за човековите права.

Зимските олимписки игри ќе се одржат од 4 до 20 февруари 2022 година во Пекинг.