Британскиот премиер Борис Џонсон на интензивна нега

108

Симптомите на британскиот премиер кој е заразен со коронавирус вечерва се влошиле, по што тој морал да биде префрлен на интензивна нега. Министерот за надворешни работи Доминик Раб ќе го заменува на функцијата.

Борис Џонсон беше примен в болница во неделата вечер и му биле извршени дополнителни тестови откако страдал од симптомите на коронавирус повеќе од 10 дена, но владата досега тврдеше дека тој е во добро расположение и сѐ уште раководи со земјата.
„Попладнево состојбата на премиерот се влоши и тој, по совети од медицинскиот тим, беше префрлен на одделението за интензивна нега во болницата“, изјави портпарол на премиерот.
„Премиерот побара од министерот за надворешни работи Доминик Раб, кој е прв државен секретар, да го заменува“, соопшти Даунинг стрит.
55-годишниот Џонсон беше тестиран позитивен на Ковид-19 на 26 март годинава.

Според британските медиуми, Џонсон е сѐ уште свесен и дише со помош на маска за кислород.

Извор: Дојче веле