Британскиот Парламент и изгласа доверба на премиерката Тереза Меј

37

Пратениците во британскиот Парламент изгласаа денеска доверба на конзервативната премиерка Тереза Меј и покрај тоа што ден претходно нејзиниот план за Брегзит претрпе историски пораз.

За нејзина поддршка гласаа 325 пратеници додека 306 беа против.

Меј изјави дека уште вечерва ќе има средба со лидерите на опозицијата во обид да се издејствува консензус како да биде изведен брегзит.

Меј доживеа вчера пораз на клучното парламентарно гласање за нејзиниот договор со кој Велика Британија треба да ја напушти Европската унија.

Со убедливо мнозинство – 432 „против“ и 202 „за“, Долниот дом на Парламентот го отфрли договорот со Европската унија за напуштање.

Веднаш по гласањето, лидерот на опозицијата, Џереми Корбин изјави дека Лабуристите бараат гласање недоверба на владата на Меј.

За да добиеше поддршка договорот во Парламентот, Меј требаше да има зад себе 318 пратеници – сите нејзини сопартијци и плус еден.