Британскиот министер за Европа, Алан Данкан, поднесе оставка

93

Британскиот министер за Европа, сер Алан Данкан, поднесе оставка во знак на протест пред Борис Џонсон да го преземе премиерскиот Кабинет, пренесува Anadolu Agency (AA).

Британскиот министер за финансии, Филип Хемонд, и министерот за правда, Дејвид Гок, претходно најавија дека ќе го сторат истото доколку Џонсон стане нов премиер на земјата.

Поранешниот градоначаник на Лондон е очигледен фаворит за наследник на Тереза Меј, кој би можел да стане новиот британски премиер, кога во вторник ќе се објават резултатите од трката со Џереми Хант.