Британската поп ѕвезда Дуа Липа доби албанско државјанство

698
Претседателот на Албанија Бајран Бегај ѝ врачи денеска албанско државјанство на британската поп ѕведа со албанско потекло Дуа Липа.

Тоа е направено поради, како што рече, улогата на оваа уметница во ширењето на сликата на Албанците на меѓународно ниво преку музиката.

Бегај наведе дека Липа доби државјанство во пресрет на 110.годишница од независноста на Албанија од Отоманското царство и дека смета дека тоа е чест бидејќи ги прослави Албанците низ светот.

„Ќе бидам Албанка и на хартија“, рече Липа пред положувањето на заклетвата за државјанство во градската општина на Тирана.

Таа е родена во Лондон во 1995 година, а родителите ѝ се од Косово.

На Липа, која започнала да пее од пет години, музичи влијаел нејзиниот татко, поранешен пејач и гитарист на рок група.

Почнала да ги поставува своите песни на Јутуб кога имала 14 години.

Нејзинито прв деби студиски албум е објавен во 2017 година, а во 2019 година освои Греми за најдобар нов изведувач.