Британската Влада секојдневно ќе ги тестира работниците во прехранбената индустрија

27

Британската Влада ги соопшти плановите за секојдневно тестирање на работниците за присуство на коронавирусот на критичните места во прехранбената индустрија, со цел да им овозможи на оние кои се негативни да продолжат да работат во случај на контакт со заразените.

Владата соопшти дека тестирањето ќе почне неделава.

Според владата, утврдени се приоритетните локации, во кои се вклучени најголемите дистрибутивни центри на супермаркетите.

Од следната недела тестирањето ќе се прошири на дури 500 локации низ земјата.

Оваа мерка треба да го спречи недостигот на храна, бидејќи врз основа на апликацијата Ковид-19 на Националната здравствена служба, стотици илјади лица мораа да одат во самоизолација.