Британската влада нема да ја помести старосната граница за пензионирање на 68 години

72

Британската влада денеска соопшти дека во моментов нема намера да ја зголеми старосната граница за пензионирање на 68 години.

„Сегашните услови за зголемување од 67 на 68 (години) нема да се променат и владата нема намера да ги менува постојните закони пред завршувањето на следниот преглед“, рече во парламентот државниот секретар за работа и пензии Мел Страјд. објави Ројтерс.

Во моментов, Британците најрано можат да почнат да примаат пензии од јавните фондови на 66 години.

Возрасната граница е предвидено да се зголеми на 67 години помеѓу 2026 и 2028 година, а потоа на 68 години помеѓу 2044 и 2046 година.