Британија планира воздушни мостови за патниците да не мора да одат во самоизолација

51

Британската Влада планира до крајот на јуни да го замени карантинот за патниците кои пристигнуваат на аеродромите, а воздушните мостови се појавија како опција, објави Телеграф.

Воздушните мостови имаат за цел да им овозможат на луѓето од земји со ниско ниво на инфекција да доаѓаат во Велика Британија.

На министрите за транспорт и внатрешни работи им било дадено упатство да планираат нивно воведување до крајот на месецот, според написот на Телеграф.

Британски карантин за патниците кои доаѓаат од странство ќе биде воведен од 8 јуни, рече министерката за внатрешни работи Прити Пател во мај.

Сите патници, вклучително и Британците, ќе треба да одат 14 дена во изолација и да соопштат детали за тоа каде ќе престојуваат.

Ваквите планови наидоа на критики од авиокомпаниите, деловните здруженија и политичарите.