Британија и САД против руската кампања за дестабилизација на Украина

28

Велика Британија и САД цврсто се спротивставија на руската кампања за дестабилизација на Украина и ја повикаа Русија да ја деескалира ситуацијата, изјави денеска британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб.

– Заедно со американскиот државен секретар Ентони Блинкен се согласивме дека Русија мора веднаш да ја деескалира ситуацијата, напиша Раб на Твитер.

Тој нагласи дека Русија мора да ги исполни меѓународните обврски кои ги потпишала со ОБСЕ.

Извор: МИА