Британија им препорачува вакцина против мајмунски сипаници на хомосексуалците и бисексуалците

164

Британските власти препорачуваат на хомосексуалните и бисексуалните мажи со поголем ризик од изложеност на мајмунски сипаници да им се понуди вакцина бидејќи вирусот брзо се шири низ Европа.

Иако секој може да се зарази со мајмунска сипаница, податоците покажуваат дека повеќето инфекции се случуваат во сексуалните мрежи на хомосексуалци, бисексуалци и други мажи кои имаат секс со мажи, според Агенцијата за здравствена безбедност на ОК (UKHSA).

Можната вакцинација ќе зависи од различни фактори, но критериумите би биле слични на условите за препишување на предекспозициска профилакса (PrEP), лекови кои ги земаат луѓе со ризик да добијат ХИВ за да се спречат заразување преку сексуален однос, или инјекција со дрога, соопшти во вторникот УКХСА.

Лекарите можат да советуваат вакцинација за некој кој, на пример, има неколку сексуални партнери, учествува во групен секс, или оди во свингерски клубови, додава UKHSA. Првично, UKHSA препорача на блиските контакти на инфицираните пациенти, вклучувајќи ги и здравствените работници, да им се понуди вакцината Imvanex .

Повеќе од 2.500 случаи на мајмунска сипаница се пријавени во 35 земји надвор од Африка, каде што болеста е ендемична. Во Велика Британија се потврдени 793 случаи.