Британија забранува пристап на руски бродови до нивни пристаништа

13

Британскиот секретар за транспорт, Грант Шапс, им нареди на сите поморски пристаништа во Велика Британија да не им се дозволли пристап на руските бродови, како одговор на инвазијата на земјата на Украина.

Наредбата за забрана се однесува на „секој брод за кој тие имаат причина да веруваат дека е во сопственост, контролиран или управуван од кое било лице поврзано со Русија“ или на списокот со санкции, „со руско знаме; регистриран во Русија“, објави тој на Твитер.