Британија бележи највисок раст на платите од 2008 година

74

Платите во Велика Британија во мај беа повисоки 3,6 проценти во споредба со истиот период минатата година, што претставува најголем пораст од 2008 година, објави британската канцеларија за статистика ОНС во вторникот.

Ова исто така значи дека платите во Велика Британија растат побргу од инфлацијата во март минатата година, според податоците од ОНС објавени од Би-би-си.

До крајот на мај бројот на вработени во Велика Британија достигна рекордни 32,75 милиона, а без работа се 1,29 милион граѓани, што е најмалку барем од 1992 година.