БРИСЕЛ:Извештајот на ЕУ за балканските земји веројатно после европските избори

63

Годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на балканските земји ќе биде одложен до завршувањето на изборите за Европскиот парламент, закажани за крајот на мај, јави РТС, повикувајќи се на дипломатски извори во Брисел.

Според аналитичарите, од резултатите на европските избори ќе зависи и насоката на политиката на проширување на ЕУ кон Западен Балкан.

Иако најавени за средината на април, годишните извештаи за балканските земји ќе бидат објавени после 29 мај, што, според медиумите, е знак дека одделни членки на ЕУ проширувањето кон Балканот го гледаат како ризик на внатрешен план пред изборите.