Австралискиот град Бризбејн е избран за домаќин на Олимписките игри во 2032 година. Игрите на тој начин се враќаат во Австралија по 32 години и Олимпијадата во Сиднеј, а претходно домаќин беше и Мелбурн во 1956 година.

  • Знаеме што е потребно за одржување на успешни Олимписки игри во Австралија, истакна австралискиот премиер Скот Морисон за време на обраќањето до Меѓународниот олимписки комитет.

Пред Бризбејн, домаќин на Летните олимписки игри ќе биде Лос Анџелес во 2028 година, а Париз ќе биде домаќин на најдобрите спортисти во светот во 2024 година.