Во летните горештини, овој сладолед е вистинско освежување. Нема да се намачите, готов е за само неколку минути. Што е уште поважно – за овој сладолед ви требаат само три состојки. И сите ќе бидат задоволни.

Состојки:

*1 часа (2 дл.) пасирани праски

*2 дл. густ јогурт

*100 гр. Шеќер

Подготовка:

1.Праските излупете ги и ставете ги во блендер за да добиете кашеста смеса. Ако сакате сладолед со парчиња овошје, тогаш само изгмечете ги.

2.Додадете шеќер и јогурт, ставете ја смесата во калап или во посатка со капак и оставете ја неколку часа во замрзнувач за да се стегне. Додека се упте не е многу смрзната смесата, со лажица за сладолед може да обликувате топки.

3.За подобар вкус, може да го прелиете сладоледот со растопена чоколада или со овошен прелив.