Брзи фризури за најлудата ноќ

377

За оние кои немаат многу време и се подготвуваат во последен момент, еве предлог за неколку брзи фризури за најлудата ноќ. Со неколку зафати може да добиете шик, класична или секси фризура со која ќе изгледате гламурозно за само неколку минути. Еве што може да се направи максимално ефектно за минимално време.

Ниско опавче

Ниското опавче е идеална, а едноставна празнична фризура за која ќе ву бидат потребни само неколку минути. И што е најважно оваа едноставна фризура совршено прилега на секоја коса.

Украс во коса

 

Необичен украс во косата може да ја комплетира секоја фризура и да и даде дополнителен гламур.

Опуштена пунџа

Опуптената пунџа или т.н. „messy bun“ со некој мал украс може да биде идеална фризура за дочек на Нова Година.

Бисери

Бисерите повторно се во мода, па зошто тие да не бидат дел и од празничната фризура? Врзете опавче, еден прамен обмотајте го околу ластикот за да не се гледа и додајте „рајф“ со бисери и подготвени сте за забава!

Ниска пунџа

Оваа фризура е идеална за дамите со таласеста коса со средна должина. Се прави многу брзо и лесно, резултатот секогаш е – успешен!

Залижана коса

Изгледот на „мокра коса“ е и тоа како во мода и се постигнува многу лесно. Со таква фризура че изгледате модерно и шик.

Необични шноли

Шнолите се повторно во мода и претставуваат најлесен начин фризурата да ви изгледа гламурозно, падури и кога е во прашање и обично ниско опавче.