Ако сакате обланди, еве еден одличен рецепт за крцкави колачи, што се прават навистина едноставно и брзо.

Состојки:

  • 1 пакување кори за обланди
  • 500 мл млеко
  • 300 грама шеќер
  • 200 грама чоколадо
  • 250 грама путер
  • 200 грама мелени ореви
  • 400 грама мелени бисквити

Подготовка:

Ставете 500 мл млеко во тенџере и додадете 300 грама шеќер, промешајте и оставете го да зоврие.

Кога млекото ќе зоврие, додадете 200 грама чоколадо и 250 грама путер, нека се стопи се, и оставете го да врие 5 минути.

Тргнете го од рингла и додадете 200 грама ореви, промешајте, а потоа постепено додавајте ги бисквитите додека мешате.

Почекајте филот да се олади и да биде млак, а потоа премачкајте ја обландата и покријте ја со друга кора. Повторете ја постапката додека не ги потрошите сите кори (на крајот завршете со кора).

Ставете нешто тешко на колачот за да стане цврст и компактен, а веќе по половина час, можете да ги сечете обландите.

Уживајте во вкусот!