Брејкденсот ќе стане олимписки спорт?

42

Организаторите на Олимписките игри во Париз во 2024 година предложија во натпреварувањето да се воведе нов спорт – брејкденсот.

Парижаните, покрај уличниот танц, кој потекнува од Њујорк, за на олимпијадите ги предложија трите спорта кои ќе ги има и на Летните олимписки игри во Токио – искачување по ѕид, сурфање и скејтбординг. Предлогот го даде претседателот на Организацискиот комитет на ЛОИ во Париз, Тони Естанж.

Конечната одлука дали предлогот ќе се прифати, Меѓународниот олимписки комитет ќе ја донесе по Игрите во Токио 2020 година.